Во Новосибирск, Русија екстремно студените зими се нормална појава. Температурите се спуштаат до -40 степени Целзиусови, па екипата на Јутуб каналот Garage 54 одлучиле да направат мал експеримент со цел да ја видат реакцијата на луѓето кога ќе видат што се случува со автомобил кога ќе го измиете на оваа екстремно ниска температура.
Тие направиле симулација на миење на автомобилот во нивната работилница, па на возилото нанеле течност под притисок и го обоиле во розова боја. Потоа се возеле со замрзнатиот автомобил низ градот.