Евиденцијата на самопопишувањето покажува бројка од 171 620 државјани на Македонија кои живеат во странство и кои се самопопишале на електронската апликација од почетокот на овој процес, на 1ви март, до денес.
Само во последното деноноќие се попишани 11 101 лице, а интересни се и бројките по земји:
„Дали сте знаеле дека во Џибути има 3 македонски државјани кои се самопопишале, во Тувалу 4, во Свалбард и Јан Мајен 4, во Северни Маријански Острови 11 итн. Навистина нè има насекаде и тоа треба да го покажеме“ – стои во соопштението на Државен завод за статистика.
Во Швајцарија се попишани над 56 илјади лица, во Германија близу 40 илјади и Италија над 27 илјади лица. Во Албанија пак, се самопопишале само 342 лица со македонско државјанство.