Корупцијата се уште царува во македонското општество. Неа ја има во сите слоеви, од највисоките како што се политичарите, па преку средниот слој на државната администрација, се до најниските службеници. Граѓаните сметаат дкеа најмногу корупција има во инспекторатите, судовите, јавното обвинителство, при вработувањето и давањето на здравствените услуги. Дадоа и конкретни примери.
„За вработување за наставник во образование, побаран му е поркуп од 1.200 евра, парите се дадени, вработен е, се уште нема решение, но мора да кажува дека нема дадено поткуп“, вели една граѓанка.
„Секојдневно слушаме за такви ситуации во Прилеп, каде луѓето мора да дадат паричен поткуп или некоја друга работа да завршат за да бидат вработени. Тоа најчесто се случува и го гледаме насекаде околу нас“, вели друг граѓанин.
Станица П.Е.Т. од Прилеп го реализираше проектот „Правна едукација за борба против корипција“ поддржан од УСАИД преку ФООМ, со кој граѓаните ќе се едуцираат и ќе научат да ја препознаат корупцијата.
„Постои општ феномен кај нас дека не треба да се приијавува корупцијата затоа што државата ни е таква и често тоа се случува“, вели Џенгис Бериша, Станица П.Е.Т.
Копруцијата е толку многу в коренета во нашето општество што за жал поелка како да стаува нормално да дадеш потпук за да завршиш работа во некоја државна служба.
„Граѓаните често пати не ја препознаваат ниската корупција. Бидејќии таа е дел од нашето секојдневие, лицата не се охрабруваат да пријват корупциијата затоа што до толку е вкоренета што веќе стана и нормално да се даде поткуп за да се заврши одредена работа“, додаде Христина Здравеска, Станица П.Е.Т.
Досега 92 лица се пријавиле дека се жртви на корупција, една третина поднесле и пријава за тоа, а институција во која имаат најголема доверба е Народниот правобранител.