Американската компанија за картички „Виза“ (Visa) објави дека ќе прифати плаќања со криптовалутата УСД коин до крајот на 2021.
Поттик за криптовалутите беше минато неделната најава од страна производителот на електрични автомобили Тесла, Илон Маск, дека купувачите во иднина ќе можат да плаќаат за неговите автомобили со биткоини.
„Забележуваме дека потрошувачите ширум светот сè повеќе бараат пристап до дигитални валути и нивно користење и задржување, а нашите клиенти сакаат да создадат производи што ќе им овозможат на потрошувачите пристап“, вели Куј Шефилд, шеф на одделот за крипто-валути во „Виза“.