Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 22 до 28 март, во општина Прилеп имало 404 новозаболени од коронавирус. Од последици на коронавирусот починале 20 лица.
Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 1.030, додека вкупниот број на заразени од вирусот изнесува 6.933.
Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починале 327 лица.