Кинескиот министер за одбрана во посета на Македонија – се ургира за кинеските вакцини

Facebook
Twitter
Email
Print

Кинескиот министер за одбрана Веи Фенгхе е во посета на Македонија, откако претходно ги посети Унгарија, Србија и Грција.

Премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска и претседателот Стево Пендаровски на денешните средби со министерот за одбрана на Кина, Веи Фенгхе ургираа тој да се заложи за што побрза испорака на нарачката на кинеските вакцини против ковид-19 од производителот „Синофарм“.

„Премиерот Заев на средбата апелираше министерот за одбрана, генерал Веи Фенгхе, да пренесе до надлежните институции во НР Кина дека Северна Македонија очекува да се забрза испораката на набавката од 200 000 вакцини од компанијата ’Синофарм‘ за да бидат вклучени во процесот на имунизацијата во земјата која започнува утре. Генерал Веи Фенгхе на средбата истакна дека оваа порака ќе им биде веднаш пренесена на надлежните институции во НР Кина за да се потврди пријателството меѓу двете земји и за време на актуелната криза заради ковид-19“, велат од Влада.

На средбата се разговарало и за укинување на визниот режим помеѓу двете држави, што ќе придонесе за развој на туризмот, но и трговската размена која во 2020 достигна 763 милиони долари, а целта е да надмине 1 милијарда долари.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи