Над 900 фирми ставиле клуч на врата во 2020та, расте бројот на евидентирани невработени

 

Расте бројот на фирми што ставиле клуч на врата и бројот на луѓе што останале без работа и се евидентирале како невработени во Агенцијата за вработување. Податоците од Заводот за статистика покажуваат дека само за 1година над 900 фирми од секторот „други услужни дејности“ одлучиле да го затворат бизнисот.

Вкупно 250 308 лица се евидентирани како невработени – активни и пасивни баратели на работа. На крајот од вториот месец од годинава податоците од Агенцијата за вработување покажуваат натамошен тренд на раст на бројот на невработени. Конкретно 159 608 се регистрирани како активни баратели на работа и во однос на јануари има зголемување за скоро нови 1000 регистрирани. Слична е состојбата и кај пасивните баратели на работа, во февруари регистрирани 90 700 со раст од 407 новоевидентирани.

Јануари 2021 – Февруари 2021

Невработени – активни баратели 158 681 – 159 608
Невработени – пасивни баратели 90 293 –  90  700

Една од причините за зголемување на бројот на невработени е „мобилизацијата“ за евиденција поради законските обврски за примање на државни надместоци, но удел и натаму има економската криза. Така, на крајот од февруари бројот на отпушени лица поради ковид-19 кризата достигна 18 266.

И официјалната статистика ги потврди црните предупредувања на угостителите. Само за една година 911 деловни субјекти, односно фирми од „други услужни дејности“ го затвориле бизнисот, а како клучен фактор е токму економската криза.

Вкупен број на деловни субјекти – 3,8%
Други услужни дејности -15,2%
Сектор снабдување со ел.енергија, гас -11,6%

Освен во угостителската дејност, и во сектоорт снабдување со електрична енергија, гас и климатизација е регистрано намалување на бројот на фирми за 26 на годишно ниво. Според официјалната статистика лани имало 73 061 фирма, од нив скоро 7% биле од секторот други услужни дејности во кој работат повеќе од 15 000 луѓе.

Впрочем, најпогодените сектори и дејности апсорбираат и најголем број на вработени, како што се преработувачката индустрија, земјоделството, трговијата, транспортот.

Број на вработени по сектори 2020 година

Земјоделство – 95 545
Трговија – 116 970
Преработувачка индустрија – 158 135
Транспорт – 43 348

Сумираните податоци покажуваат дека 2020та завршува со зголемeна стапка на невработеност од 16,4%.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи