Продолжува успешната граѓанска еко акција во Прилеп. Овој пат, сите прилепчани се повикуваат да се вклучат во акцијата за чистење на локацијата Селце.
Чистата и здрава животна средина е сечија одговорност.
Организаторите на настанот овој пат ќе ве пречекаат на 2 локации, кај подвожњакот и кај манастирот. Понесете си ракавици и кесе за ѓубре!
„Да си го исчистиме градот.
Да ја покажиме нашата човечка природа. Да ја прошириме Еко Свеста и да си го исчистиме ПРИЛЕП.После првата успешна акција на 28ми каде Марковите Кули блеснаја во првобитната убавина да ја подолжиме оваа интенција со следна локација.
Локација Селце 4.4.2021
Две места за собир:
1. Подвожнакот
2. МанастиротЕдна група да тргне од подвожнакот и една да пристигне уште веднаш кај манастирот. Добредојдено е ако споделите на стори и на зид! Еден поинаков краток излет.
Прилеп има моментално потреба од акција за чистење!
Еден пакет кеси за ѓубре 10кеси е од 60 до 100ден. Малце и дружба, малце еко акција.
Настанов нека биди колективна инспирација да го видиме Прилеп чист. И ве молам не постирајте статуси од било каков демотивирачки карактер. Протоколите за Ковид да се почитуваат“, стои во описот на настанот на ФБ.