Откажанa е седницата на Комисијата за заразни болести на која денеска требаше да се одлучи дали ќе се воведуваат нови рестриктивни мерки за заштита.
Денеска останува да заседава Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски. Тековната недела надлежните ја окарактеризираа како критична во однос на натамошното ширење на болеста во третиот бран. Бројот на активни случаи во државава изнесува 18.000.