По денешната седница на Советот за безбедност, претседателот Стево Пендаровски се заблагодари на Србија за вакцинирањето на македонски граѓани изминатиот викенд, но рече дека тоа е срам на за нашата држава.
„Гледавме слики од викендов во Србија, такви слики не смеат да се повторат. Благодарност за Србија, но тоа е срам за државата“, кажа Пендаровски.
Претседателот рече дека министерот за здравство го информирал дека од утре почнува масовната имунизација на македонското население, а Пендаровски му рекол дека масовната имунизација треба да трае без прекини до целосно вакцинирање на сите граѓани во земјата.