Пендаровски до Филипче: Тие слики не се фалење – наши граѓани кои бараат здравствена заштита во странство

 

 

Претседателот Стево Пендаровски одговори дека е крајно зачуден што министерот Филипче свесно не го споменува фактот дека првичните контакти со најголемите фармацевтски компании, кон крајот на декември минатата година, се направени преку Кабинетот на претседателот, откако министерот за здравство кажа дека изостанала поддршка од претседателот во процесот на набавка на вакцини.

„Во однос на процесот на набавка на вакцини, претседателот Пендаровски е крајно зачуден што министерот Филипче свесно не го споменува фактот дека првичните контакти со најголемите фармацевтски компании, кон крајот на декември минатата година се направени преку Кабинетот на претседателот и од тогаш до денес претседателот Пендаровски е активно вклучен преку дипломатските канали во процесот за набавка на вакцините, што инаку е примарна надлежност токму на министерот за здравство“, се вели во реакцијата на Пендаровски.

Филипче претходно попладнево реагираше на прес-конференцијата на Пендаровски по денешната седница на Советот на безбедност, на која што претседателот рече дека сликите од македонски граѓани на вакцинација во Србија се срам за државата.

За сликите од Србија, Пендаровски се согласува со Филипче дека станува збор за израз на солидарност, но нагласува дека не се за фалење.

„Во целост се согласувам со изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче дека сликите од Србија изминатиот викенд се израз на солидарност, но, тоа е солидарност која државата Србија ја покажа кон десетина илјади наши граѓани. Меѓутоа, тешко дека тие слики на наши граѓани кои бараат здравствена заштита во странство, откако не ја добија во сопствената земја, се за фалење“, вели Пендаровски во реакцијата на изјавата на Филипче.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи