На денешната седница на Советото за безбедност било утврдено дека Македонија поминува низ најкритичната фаза од пандемијата.
„Државата не смее да дозволи ниту еден граѓанин да не биде примен во болница. Министерот Филипче ме увери дека такво нешто не се случило, ниту ќе се случи“, кажа Пендаровски.
Воедно, тој апелираше до приватните здравствени установи да се откажат од профитот да ги направат своите услуги достапни за заразените од коронавирус и ако е потребно да отстапат свои лекари и друг медицински кадар за јавното здравје.
„Ничии семејни трагедии не смее да се злоупотребуваат“, нагласи Пендаровски.