Србија е држава на Балканскиот полуостров и во Средна Европа, опфаќајќи го јужниот дел од Панонската Низина и централниот Балкан, лежејќи меѓу истоимениот масив и Карпатите на исток, Динарските Планини на запад, и долината на Морава – важен геостратешки патен правец кој оди према југ кон Солун и источно кон Мала Азија.
Државата нема излез на море и се граничи со Унгарија на север, на исток со Романија и Бугарија, на југ со Република Македонија, на југозапад со Црна Гора, и на запад со Босна и Херцеговина, и Хрватска.
Српското население брои околу 7 милиони, од кои повеќето се православни христијани. Главниот град на Србија, Белград, е еден од најстарите европски градови, и еден од најголемите во источно-Средна Европа.
Погледнете некои од најубавите места во Србија.