Писателот Џорџ Р. Р. Мартин – автор на фантастичната ТВ-серија „Игра на престоли“, потпиша петгодишен договор со „Ејч-би-оу“ за нови содржини за телевизиската и стрим-платформа „ХБО макс“. Продукциската куќа го потврди овој податок.
Мартин е моментално вклучен во пет проекти на „HBO“, меѓу кои и „Куќа на змејот“, која ќе се фокусира на моќната династија на Таргеријан, 300 години пред доаѓањето на „Игра на Тронови“. Тоа ќе биде серија од 10 епизоди, која треба да започне да се снима нареден месец, а да се емитува во 2022 година.
Сепак, соопштението не уточнува дали договорот е поврзан со проекти поврзани со „Игра на престолите“. Според „Холивуд репортер“, зделката тешка неколку десетици милиони долари можеби ќе вклучува и серија за воинствената кралица Нимерија, која владеела со тој свет пред илјадалетија, или пак, серија за лавиринт од тесни ходници во една од кралските палати…