Аудио серијалот на диџеј миксови Roomania ја објави четвртата епизода од сезоната насловена “Cave of hands”, на платформата SoundCloud. ”Cave of hands” или ”Пештера од раце”, ја симболизира временската оддалеченост од живите клупски настани каде Димитри Монев од Бугарија.
Димитри Монев е еден од водичите на новиот бран уметници на електронска музика во Бугарија. Неговиот стил се издвојува на електронската сцена. Спојка од минимал звуци, хаус вокали и искршени хип-хоп битови е дел од палетата со која располага за создавање врева на диско подиумите. Активен е и како продуцент кој брои многу изданија за познати етикети.
„Мешавина од микро-минимал грув придружен со моќни олд-скул вибрации што му внесуваат динамика. Мислам дека секој што го слуша може да најде своја нова омилена трака тука”, вели Димитри Монев за неговиот микс за Roomania.
Димитри Монев ќе биде дел од „Roomania” настаните, како ексклузивен артист, кога клубовите повторно ќе се отворат.
Целото интервју, кое тимот на „Roomania” го направи со Димитри Монев, може да го прочитате на следниот ЛИНК.
Следната епизода излегува за две недели. Повеќе информации за аудио серијалот ”Cave of hands”, како и преслушување на претходни и следни епизоди може да следите на Soundcloud профилот на Roomania и социјалните мрежи на Room 313.