ГАК со детали за смртта на двете родилки на возраст од 32 и 34 години, и двете немале претходни заболувања

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) соопшти дека две родилки кои болнички се лекувале од Ковид-19 починаа во изминатото деноноќие. Родилките добиле пневмонија на двете белодобри крила, предизвикани од ковид и во лекувањето учествувале и лекарски тимови од сите клиники, но шансите за да се спасат нивните животи завршиле безуспешно.

„34-годишна жена од Делчево, второротка, со царски рез е породена термински, со машко бебе од 2.900 грама кое во добра општа состојба веќе е испишано од Гинекологија. Родилката беше примена на ГАК на 10 март во лоша состојба, фебрилна со 38,5 температура, со ниска сатурација и со кашлица. Породена е на 11 март и поради влошување на клиничката состојба, на 14 март таа е препратена на понатамошно лекување во ГОБ „8 Септември“. Ден пред хоспитализација на ГАК, на 9 март добива негативен ПЦР тест, а на Клиниката за гинекологија на 10 март добива позитивен резултат по направен антигенски рапид тест.

Втората родилкa е 32-годишна скопјанка, породена е предтермински, со царски рез во 30 недела од бременоста. Таа на Клиниката за гинекологија биле донесена од Инфективната клиника на 20 март во тешка состојба и само неколку часа по породувањето, поради исклучително лошата клиничка состојба, препратена е на КАРИЛ.

Предвременото роденото бебе е женско и се наоѓа на Одделот за интензивна нега на ГАК и е респираторно зависно“, велат од Гинекологија.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи