Премиерот Зоран Заев ja оцени како несоодветнa реакцијата на Пендаровски по вчерашниот состанок на Советот за безбедност.
„За мене прво е слобода и тоа што се случува меѓу претседателот и министерот е слобода. Нормално кога министер од мојата Влада реагира јас знам за тоа, и не би требало да правам огради или слично. Јас знам за тоа, министерот ме консултираше. Нападот е навистина несоодветен, јас го почитувам претседателот многу, имаме одлична соработка, но знаете не ни е лесно на никој. Прашањето кој што правиме во сите овие моменти да час поскоро најдеме вакцини, да ги донесеме, имунизацијата да се спроведе и слично“, рече Заев.