Заев: Ја враќаме довербата на граѓаните во правосудниот систем

 

 

По повод Денот на македонското правосудство, премиерот Зоран Заев упати честитки на сите судии и обвинители, адвокати, и сите останати вработени во правосудниот сектор.

„Токму на овој ден пристигна позитивен Извештај за состојбите со човековите права од Стејт департментот, во кој е констатирано дека Владата покажала сериозна почит кон независноста на судството и непристрасност во споредба со претходните години.

И според извештајот на Европската комисија, земјава воспостави механизми за да се обезбеди судска независност и отчетност, вклучително и креирање правила за проверка на имотот и судир на интереси и утврдување дисциплински постапки.

Ова е уште еден доказ дека тоа што го работиме дава и ќе дава резултати и дека реформите во правосудството остануваат наш врвен приоритет.

Ја враќаме довербата на граѓаните во правосудниот систем. Систем кој испорачува правдата.

Голем придонес за оваа придобивка даваат самите судии кои преку Судскиот совет започнаа динамична проверка на работата на судиите, и тој процес веќе ги дава првите резултати.

Приоритетен предизвик во претстојниот период е воведувањето на современа информатичка технологија во работата и дигитализација на македонските судови. За таа цел се предвидува модернизација на над 100 судници во државата за остварување на овој приоритет со што Владата ги обезбедува сите услови.

На сите судии и обвинители, адвокати, и сите останати вработени во правосудниот сектор им посакувам успех во оставрувањето на нивните професионални обврски кои сами по себе се придонес за јакнење на правната држава, како и учество во нашата заедничка мисија да ги унапредуваме човековите права, да градиме независен и непристрасен правосуден систем базиран на европските вредности“, напиша Заев на неговиот Фејсбук профил.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи