Светска банка во новиот извештај прогнозира раст на македонската економија за годинава од 3,6% и за наредната од 3,5%.
Од земјите во регионот најголем раст за оваа година е предвиден во Црна Гора од 7,1%, потоа Србија од 5%, Албанија 4,4%, Косово 4% и Босна и Херцеговина од 2,8% проценти.
За 2022 година Светската банка прогнозира раст на економијата во Црна Гора и Косово од по 4,5% отсто, во Србија и Албанија по 3,7% и по 3,5% проценти за Македонија и Босна и Херцеговина.
Светската банка посочува дека на стартот на 2021 година економиите на Западен Балкан се едни од најтешко погодените од коронавирусот во Европа и Централна Азија, со најголем број на случаи на новозаболени во еден ден.
Исто така, во извештајот стои и тоа дека Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија се меѓу 10-те земји во развој со најголем број смртни случаи од ковид-19 по глава на жител, што дополнително ги оптоварува здравствените системи.