Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност поголема во западните делови. Ќе дува умерен, на места краткотрајно засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 степени.
Од утре и во деновите од викендот ќе има промена на времето и ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, локално и над 20л/м2, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови, ќе има врнежи од снег, а дневните температури особено на северот позначително ќе опаднат.
115