Катастрофална година за тутунарите : ниски цени, штрајкови, неоткупен вишок, намалени договори – што со идната реколта?

 

Ова беше една од најтурбулентните години за тутунопроизводството во Македонија. Ниски откупни цени, незадоволни тутунари како што не сме виделе со години. Штрајкови, блокади на патишта, безброј средби со откупувачите и Министерството за земјделство. Но и покрај се не се исполнија желбите и барањата на тутунарите, остана само големиот револт. Пред 2 дена заврши и законски продолжениот рок за откуп на тутунот, но за жал не се откупи целиот вишок иако се ветуваше дека ќе се откупи целиот произведен тутун, до последното ливче.

Со Игор Мирчески и Еџевит Ајдароски од новоформираните здруженија на тутунарите разговараме за тоа зошто дојде до ваква катастрофална година за тутунопроизводството? Дали причина е понеквалитетниот тутун за разлика од лани, дали тоа е пазарна цена на тутунот на светските берзи, увозот на тутун или причината е сосема друга? Од друга страна пак дали партиската поделеност на тутунарите придонесе тие да не бидат единствени и да не успеат да ги добијат своите барања?

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи