Владата преку соопштение најави дека во земјава пристигнува нова пратка на вакцини, а по тој повод премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче ќе одржат прес-конференција.
Од Владата засега не откриваат кои од вакцините што се очекуваат ќе пристигнат и во колкава количина. Информацијата треба да ја соопштат Заев и Филипче на настанот кој треба да започне за околу 1 час пред Институтот за трансфузиона медицина.
Досега, во земјава пристигнаа 24 000 вакцини на „Астра Зенека“ преку Ковакс механизмот, како и 3 000 вакцини од „Спутник В“. Србија, пак, ни донираше 8 000 вакцини од „Фајзер“.
109