Претседателот Стево Пендаровски му наредил на началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, да ја повлече војската од јужната и од северната граница.
Од кабинетот на Пендаровски потенцираат дека нема правна основа за ангажман на Армијата во обезбедување на државната граница, со оглед дека синоќа на полноќ заврши прогласената кризна состојба поврзана со мигрантската криза.
Кризната состојба на јужната и северната граница трае веќе неколку години и постојано се продолжува за да може да биде ангажирана и Армијата, а ново продолжување требаше да изгласа Собранието, но тоа не се случи поради блокадата на собранието.
Предлог-одлуката за кризната состојба е една од точките што со амандмани ги блокира коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива во парламентот, која условува со носење на законот за државјанство.