Пристигнаа 20.000 вакцини „Спутник“ – нова донација од Србија

Нови 20.000 дози од „Спутник“ веќе се испорачани во земјава како донација од Република Србија, а најавена е донација на уште толку дози, изјавија денес премиерот Заев.

„Денеска пристигнаа 20.000 „Спутник В“ вакцини. Овие вакцини стигнаа во период кој е многу важен за да продолжи масовна вакцинација. Србија помогна со првите 8.000 вакцини кои беа наменети за здравствените работници, сега кога почна масовната вакцинација со 24.000 „АстраЗенека“ вакцини, за да не прекине динамиката овие два пати по 20.000 вакцини се драгоцени додека да стигнат нашите кои се нарачани од Кина, Русија, Фајзер. Овие 20.000 вакцини од првата квота се за да го продолжиме процесот на вакцинација во континуитет“, рече Заев.

Заев апелираше до граѓаните да се пријават за термин за вакцина, додавајќи дека сите вакцини се безбедни, и што побрзо заврши вакцинацијата „побрзо ќе го победиме овој невидлив непријател“.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи