1 Април – Светски ден на шегата

 

Денеска е 1 Aприл, Светски ден на шегата, кога многумина се трудат со својата досетливост да ги измамат и да ги насмеат другите.

Во најразлични земји од целиот свет, Денот на шегата секоја година се слави на 1 Април. Понекогаш го нарекуваат и денот на сите шегаџии. 1 Април не е национален празник, но секаде се прославува како ден кога многумина прават разни шеги и будалаштини.

Овој ден го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на семејството, наставници, соседи, колеги итн.

Традиционално, во некои земји како Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Јужна Африка, шегите траат само до пладне и некој кој прави трикови после пладне го нарекуваат „Априли-ли-ли“ и го исмејуваат. Во други земји како Франција, Италија, Јужна Кореја, Јапонија, Русија, Холандија, Германија, Бразил, Ирска, Австралија и САД шегите траат цел ден. Во Франција и Италија децата традиционално на грбовите еден на друг си лепат риби од хартија (на француски „Poisson d’avril!“ a на италијански „Pesce d’aprile!“. Најраната врска помеѓу 1 Април и шегата може да се најде во Кантербериските приказни на Џефри Чосер (1932). Многу писатели претпоставиле дека зад создавањето на овој празник стои враќањето на Први јануари како Нова Година, но оваа теорија не објаснува некои поранешни тврдења.

Се проценува, дека 1 Април како ден на шегата го прославуваат околу 1 милијарда луѓе низ светот.

Иранците си прават меѓусебни шеги на тринаесеттиот ден од персиската Нова Година (Нороуз), која е на први или втори април. Овој ден кој се прославува уште од 536 година п.н.е., се нарекува Сиздах Бедар и денеска е најстарата традиција за шегување во светот, овој факт предизвика многу луѓе да веруваат дека Денот на шегата потекнува од оваа традиција.

Традицијата на 1 Април во Франција и деловите од Канада каде се зборува француски, (poisson d’avril е обидот да се закачи риба направена од хартија на грбот на жртвата без тој тоа да го забележи. Ова исто така е познато и кај другите народи, како во Италија, (Pesce d’aprue).

Во земјите каде се зборува шпански јазик, слични трикови се прават на 28 Декември, на Денот на светата невиност (di de los Santos Inocentes). Тоа е ден за прославување на Масакрот на невините. Христијанското прославување е религиозен празник со свои права, но не и традицијата за трикови, иако традицијата се прави годишно. Откако некој ќе направи шега или трик некому, тој што се шегува најчесто вика : “Inocente palomita que te dejaste engañar”. Во Шпанија, вообичаено е да се вели “Inocente!” (наивен). меѓутоа, на шпанскиот остров Менорка, Денот на шегата “Dia d’enganyar” (“Ден на шегата”) се слави на 1 Април, бидејќи Менорка за време на еден период од XVIII век била под власта на Британците.

Обичајот исто така постои и во некои области на Белгија, како што е провинцијата Антверп. Фламанската традиција е децата да ги заклучуваат своите родители или учители и да ги пуштат само ако има ветат дека ќе им донесат слатки истата вечер или другиот ден.

Во Јосеон династијата во Кореја, кралското семејство и двројаните имаат дозвола на првиот снежен ден од годината да се лажат и да се меѓусебно да се шегуваат, без разлика на подреденоста. Тие полнат снег во чинии и им ги праќаат на жртвите на шегата со лажен изговор. Се сметало дека тој што ќе го добие снегот е губитник во играта и мора да му исполни желба на тој што му го пратил снегот. Бидејќи триковите не се однапред планирани, тие се безопасни и често биле правени како добродетелство за кралските слуги.

Во Шкотска, Денот на шегата традиционално се нарекува Hunt-the-gowk day (лов на глупавиот), иако ова име повеќе не се употребува. Традиционалниот трик е да замолиш некој да испрати запечатена порака, со која се бара некаква помош. Всушност, пораката се чита „Dinna laugh, dinna smile. Hunt the gowk another mile”, a примачот на пораката, откако ќе ја прочита, ќе објасни дека може да помогне само ако прв стапи во контакт со друго лице и ја праќа жртвата на дрга личност со истата орака, со истиот резултат.

Во Данска, 1 Mај е познат како Maj-kat, што значи „Mачка во мај“, и исто така е ден за шегување.

Холанѓаните имаат традиција на лажење на 1 Aприл: весниците се натпреваруваат да објават ексклузивни вести, на пример, за доаѓањето на некои светски државници во тој град, или за болести, за експерименти во атомистиката итн.

Во Македонија исто така се слави овој празник, дечињата се маскираат во градинките и училиштата, се одржуваат маскенбали на плоштадите во градовите низ државата, сите се весели, се смеат, кажуваат шеги и лаги. И возрасните во последните години организираат маскенбали и се одбираат најиновативни маски.

Годинава,  како и претходната, поради коронавирусот улиците нема да бидат преплавени со дечиња и луѓе кои маскирани ќе шетаат по улиците, нема да има организирани настани, но сепак никој не ни забранува, да се пошегуваме на сметка на пријателите, роднините, колегите…

Уживајте во Денот на шегата и насмејте некого!

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи