ВИДЕО – Во Прилеп пуштена модуларната болница, бизнис секторот и поединци помогнаа околу опремувањето

 

Денеска во Прилеп беше пуштена во употреба новата модуларна болница која има капацитет да прими 35 ковид пациенти. Таа е изградена веднаш до инфективното одделение. Секој кревет во болницата е поврзан со централен довод на кислород, што во голема мера ја олеснува работата на персоналот.

 

 

„Прилеп во континуитет бележи високи бројки на новозаразени граѓани кои што за неколку денови од позитивниот тест доаѓаат во болницата и потребна им е лекараска помош и во најголем број болничко сместување. Јавната здравствена установа Општа болница со проширена дејност Прилеп функционира со 5 ковид центри во инфективното одделение, интерното одделение, уво нос и грло, одделението за гинекологија и очното одделение со вкупно 130 легла, од кои 50 на централен довод на кислород, а останатите потреби се покриваат со боци. И сето ова би било само статистика и бројки без вработените. Целокупниот персонал е ставен во функција и помагање на пациентите со цел побрзо оздравување и излез од оваа здравствена криза, почнувајќи од докторите инфектолози, специјалистите од сите медицински гранки, специјализантите, општите доктори, медицинските сестри, техничкиот пероснал, администрација, возачи и сите несебично се ангажираат во борбата против коронавирусот, за што од името на раководството на болницата, од името на граѓаните им се заблагодарувам“, рече директорката на општата болница во Прилеп, Кети Смилеска.

Кадарот во модуларната болница ќе работи по принципот на ротација. Инаку многу општествено одговорни компании и поединци го потпомогнаа процесот на опремување на модуларната болница како што се Тутунски комбинат Прилеп, Витаминка, Прилепска пивара, Комфи Ангел, Изофас и многу други кои помагаат и донираат во рамките на своите можности.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи