ВИДЕО – Заев: Точно е дека во Прилеп со Филипче и Шахпаска пристигнавме со хеликоптер

 

„Точно е дека во Прилеп јас, министерката за труд и социјална политика и министерот Венко Филипче пристигнавме со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи“, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.

 

 

Од Владата истакнаа дека премиерот Зоран Заев, заедно со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за здравство Венко Филипче, патувале на релација Скопје-Прилеп со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, а на повратната релација кон Скопје во хеликоптерот патувале премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, причината била да се заштеди време.

„Причината за користење на ова превозно средство е поврзана со обврските и агендите на премиерот и министрите и потребата од рационализација на времето, со цел секој од нив на време да ги заврши планираните теренски обврски и на време да може да се врати во Скопје за редовните владини и кабинетски обврски. Денешните летови се во рамки на обврските за задолжително исполнување работни месечни часови кои согласно стандардите важат и за пилотите и за леталата“, велат од Владата.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи