Денеска во Здравствен Дом Крушево започна да се одвива непречено процесот на имунизација на повозрасните граѓани над 77 години.
„Повозрасните граѓани покажаа дисциплина, општествена одговорност и голема заинтересираност , и во добро расположение ја примија вакцината. Им посакуваме успешна имунизација и добро здравје“, велат од Здравствен дом Крушево.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.