Лекарската комора ќе организира онлајн брифинг на кој ќе сподели стручни информации поврзани со вакцините кои се администрираат за заштита од Ковид-19 како и индикациите и контраиндикациите за нивно примање.
Претседателот на Националниот комитет за имунизација д-р Аленсандра Грозданова ќе зборува на тема „Митови и вистини за ковид вакцините”, додека д-р Александар Петличков од Институтот за имунологија и хумана генетика ќе ги појасни индикации и контраиндикации за вакцинирање.