Мицкоски: Дури бев на Инфективна, го поправив прозорот во соба 302

 

 

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Клик Плус“ зборуваше за тоа како тој се справил со вирусот и какво беше неговото искуство додека беше сместен на Инфективната клиника во Скопје.

„Го поправив прозорот во просторијата каде што лежев бидејќи првите неколку дена кога бев таму вечерта беше премногу ладно, а прозорот не се затвораше. Така да, го поправив и мислам дека во таа соба 302 тие што потоа беа присутни можеа навечер да им биде пристојно топло, да не им биде ладно“, рече Мицкоски во своето гостување.

Мицкоски порача дека како политичар и како човек ќе работи за луѓето на Инфективна клиника да можат да се чувствуваат подостоинствено и да имаат подобри услови.

„На никого не му посакувам да помине 12 денови такви какви што јас поминав таму, а како човек и како политичар ќе работам до максимум за тие луѓе да им направам барем малку да се чувствуваат подостоинствено и да имаат малку подобри услови од тоа што во моментов го имаат“, вели Мицкоски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи