МОН: Исплатени се ученичките и студентските стипендии за април

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Согласно новиот начин и динамика на редовна месечна исплата на средствата за ученички и студентски стипендии воспоставен на почетокот на тековната календарска година, Министерството за образование и наука информира дека денес е извршена исплата на средствата за месец април на сите корисници на стипендија.

Исплатен е износ од речиси 32 милиони денари на вкупно 9.047 корисници на сите видови стипендии кои ги доделува МОН за ученици од средните училишта, студенти запишани на додипломски студии на високообразовните установи во Република Македонија, како и студенти запишани на некој од најдобрите светски универзитети согласно Шангајската ранг листа.

Оваа воспоставена динамика на редовна месечна исплата на стипендиите ќе продолжи да се реализира и понатаму, а тоа е многу важно за оние кои ги исполниле условите и го оствариле правото. Сепак, се работи за средства кои значат поддршка и унапредување на ученичкиот и студентскиот стандард, го помагаат процесот на образование и претставуваат мотивација за младите во текот на учењето.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи