Приведен маж од крушевско поради недозволено поседување на оружје

На 01.04.2021 Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со ОВР Крушево, го лишиле од слобода А.Ј.(26) од с.Саждево, крушевско, поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, превидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик.

Имено, по претходна наредба за претрес од судија на претходна постапка од Основен суд Прилеп, извршен е претрес во домот и помошни простории на А.Ј. и неговиот татко Р.Ј., при што полициски службеници пронашле и одзеле ловна пушка и 15 патрони за неа, без да поседуваат документација за неа. Р.Ј. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи