Денешниот Светски ден за свесност за аутизмот има за цел да ги стави во центарот на вниманието пречките со кои се соочуваат лицата со аутизам и другите кои живеат со аутизам секој ден.
Овој ден нè потсетува дека околку нас има лица кои не смееме да ги заборавиме и лишиме од општествените процеси, од времето и просторот кои им се потребни, интеграцијата и вклученоста.
Како растечко глобално здравствено прашање поради зголеменото присуство во печатот и општото знаење, аутизмот е проблем што добива сè повеќе разбирање и се планираат активности секоја година за понатамошно зголемување и развој на светското знаење за деца и возрасни кои имаат аутистично нарушување.
Со симболично трчање на Кејот на Вардар, денеска ќе се одбележи светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот. Настанот е организиран од страна на Здружението „Сина светулка“ и „KoRЯunners“.