Според податоците на Државниот завод за статистика, во втората половина од 2020 година, просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 5.144 денари по KWh, што претставува раст од 7.4 % во споредба со првото полугодие од 2020 година.
Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3.330 до 7.160 денари по KWh по групи на потрошувачи.