Во Тетово на 17 април во организација на боксерскиот клуб „Шкендија Но Лимит“ ќе се одржи професионална боксерска ревија. На ревијата ќе се одржат 6 професионални борби од кои две со Македонски боксери. Лулзим Исмаили во супер велтер ќе се бори во 10 рунди против Јасмин Данановиќ од БиХ за Евроазиска титула во верзијата W.B.F . А Трајче Илиоски во супер велтер категорија ќе дебитира против Рамиз Џафиќ од БиХ во 4 рунди.
„Настанот ќе биде без публика а ќе биде емитуван на лајф стрим. Можам да кажам дека Трајче Илиоски е во одлична форма. Се спремаме веќе 8 месеци со програмски тренинг. Ќе одиме на победа , првата борба во профи рингот е многу битна . Целта ни е Трајче да победи па потоа ќе размислуваме и за втора борба“, вели тренерот Дарко Чатлески.