Љупчо Јаневски директорот на Агенцијата за промоција на туризмот, предлага до туристичко угостителскиот сектор и локалната самоуправа поволности за туристите од Република Србија.
Тој на својот фејсбук профил ги повика туристичко-угостителскиот сектор и општините да ги овозможат овие попусти за српските туристи.
„Затоа предлагам до туристичко-угостителскиот сектор и локалната самоуправа за туристите од Република Србија:
Бесплатни влезници за сите музеи;
Бесплатен паркинг во сите градови;
Попуст во сите угостителски објекти;
Попуст во сместувачките капацитети;
Брз трансвер на граничните премини;
Бидејки подадената рака во тешките моменти никогаш не треба да биде заборавена“, напиша Јаневски.
116