Клучот за успехот, успешно спроведената вакцинација, доведе до релаксирање на заштитните мерки во Израел. Животот по сè изгледа полека се враќа во нормала откако го вакцинираа најголемиот дел од населението. На социјалните мрежи израелскиот диџеј Скази објави видео и фотографии од забава на плажа во Тел Авив.
Израел е една од земјите каде вакцинирањето од Ковид-19 се одвива масовно. Пресметано е дека околу 5,7 милиони луѓе веќе ја примиле вакцината, а околу 4,8 милиони треба да ја примат втората доза.
За враќањето на животот во нормала во Израел пишува и угледниот NewYork Times, каде се напоменува дека „зелената карта“ што им се дава на вакцинираните, им дозволува да одат на концерти, спортски настани и во ресторани.
Колку е далеку Македонија од оваа реалност?