Премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали тој или министерот за здравство или членовите на Комисијата за заразни болести чувствуваат одговорност поради, според прашањето, задоцнети рестриктивни мерки, одговори негативно.
„Кажете каква одговорност барате. Дали моја оставка, или на Филипче? Оставката не е проблем. Нашите здравствени власти прават максимум. Тие се нашите херои, од Филипче до секој здравствен работник. Подготвуваме ордени и благодарници и јас лично ќе ги делам. Ако мислите дека одговорноста ќе помогне, грешите. Секогаш се носат мерки кои се врз база на анализите и се слични со тие во други земји. Немаме економски приоритети на сметка на здравствените приоритети. Економски сме добри, но сепак не треба да предизвикуваме опасност за економијата. Нема да понесам и нема да барам одговорност. Верувам дека се потребни позитивни вести. Апсолутно, нема потреба од одговорност. Ако има конкретна причина, освен мачнотија во душата, кажете. Овде сме да им служиме на граѓаните“, рече премиерот Заев.