Премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали тој или министерот за здравство или членовите на Комисијата за заразни болести чувствуваат одговорност поради, според прашањето, задоцнети рестриктивни мерки, одговори негативно и воедно кажа дека се подготвуваат ордени и благодарници за хероите.
„Кажете каква одговорност барате. Дали моја оставка, или на Филипче? Оставката не е проблем. Нашите здравствени власти прават максимум. Тие се нашите херои, од Филипче до секој здравствен работник. Подготвуваме ордени и благодарници и јас лично ќе ги делам. Ако мислите дека одговорноста ќе помогне, грешите“, рече премиерот Заев.