Иновативното финансирање како модел на самоодржливост на граѓанските организации и услугите за заедниците

 

Непрофитните организации како СТАНИЦА П.Е.Т. решаваат животни проблеми на дневно ниво, соочувајќи се постојано со прашања за кои се потребни иновативни решенија. Ние сме во првите редови, решавајќи ги најраспространетите социјални проблеми на локално но и на национално ниво. Не постои јасна формула или единствен пристап за решавање на хуманитарни кризи, правно зајакнување на маргинализирани граѓани, овозможување пристап до основните човекови права, подобрување на грижата за пациентите и остварувањето на здравствените права подеднакво за сите или спречување на дискриминација по било кој основ. Иако ние како непрофитни организации ја препознаваме потребата за иновации, сепак работиме во реалност ограничена со ресурси. Многу организации се заглавени во „циклусот на глад“ и постојано имаат недостаток од финансии во делот на критична инфраструктура и кадар, за да ги одржуваат своите програми во функција. Некои истражување откриваат дека околу 1 од 5 непрофитни организации се изложени на ризик да паднат во „циклусот на глад“ и 48% сметаат дека нестабилните финансии се клучна пречка за нивниот раст.

Токму затоа моделите на иновативно финансирање, односно започнувањето со профитна активности со цел генерирање на приход за реализација на дел од нашите програми се наметна како едно реално изводливо решение за излез или барем олеснување на нестабилноста и ризикот кој речиси постојано виси над нашите глави.

Од друга страна, стоејќи на самиот праг од социјалната и бизнис дејноста, на големо е присутен и ризикот од неуспех поради спротивставената природа на овие два сектори и сериозниот пристап кој треба да се преземе за нивно комбинирање и извлекување на најдборото од двата. Поради тоа, идејата за отворањето на Клуб ПЕТ, а претходно развиена низ повеќе чекори со поддршка и менторство на ЦЕЕД Македонија и Фондацијата Отворено општество Македонија преку ФОО, е избрана како најсоодветна за реализација поради повеќе причини: потребата од простор за организирање на настани и индивидуална работа во Прилеп и околината односно сериозниот недостаток од ваков капацитет, како и просторните можности и соодветната локација кои ги има канцеларијата на СТАНИЦА ПЕТ и можноста дел од истата да се пренамени во простор за гореспоментите активности.

 

 

Преку сите овие активности, ќе се генерирал приход кој ќе се вложи во дополнителен развој и одржливост на правната и параправната помош која здружението ја обезбедува, а е клучен дел од програмата за правно зајакнување и од суштинско значење за остварувањето на основнте права на граѓаните од маргинализираните заеднци од Прилеп и околните општини.

Граѓанскиот сектор се соочува со сериозен предизвик за одржливост како резултат на рестрикциите и ограниченоста на финансирањето од страна на домашните и странски донатори, неможноста да се смета на финансирањето од националните и локалните буџети поради нестабилноста на политиките и поради зависноста која политичките структури ја очекуваат од субјекти на кои би ги распределиле  буџетските средства. Од друга страна, зголемената побарувачка од услуги и ативности од страна на граѓаните е постојано присутна, особено во моменти на криза како во време на пандемија изминатава година, кога во многу ситуации единствената објективна и неусловена помош и поддршка се очекува токму од граѓанските (непрофитни) организации. Заради справување со овој предизвик, потребно е да се креираат можности за диверзификација на приходите преку воведување на иновативни модели и активности што ќе значат генерирање на сопствени средства заради обезбедување одржливост на програмите и активностите.

Токму затоа, КЛУБ ПЕТ како модел на самоодржливост на услугите за правно зајакнување на заедниците во овој регион е пиноер во иновативното финансирање и како таков во иднина се очекува да продуцира раст и развој не само на неговата дејност туку и на услугите кои ќе ги одржува.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи