Нови мерки до 20 април: Полициски час од 20 до 5 часот, затворање на угостителски објекти, фитнес центри и кладилници

 

Од утре стапува на сила полициски час од 20 часот до 5 часот, кој ќе трае до 20 април, во пресрет на затоплувањето, празниците, а со цел да ги одмориме здравствените работници, кои деноноќно се во битката за спасување на животите на пациентите, кажа денеска премиерот Зоран Заев.

Забрана за посетители гости во сите угостителски објекти, како и во угостителски објекти во хотели, мотели и на бензински станици. Оние кои вршат подготвка на храна, може да ја доставуваат преку онлајн или телефонски нарачки. Оваа забрана важи од 7 до 21 април.

Од утре се затвораат сите фитнес сали и сали за вежбање и кладилници, и се забрануваат семинари, конференции.

„Најновите тенденции кои ни се презентираа од епидемиолозите се дека британскиот сој на ковид-19 го зема својот замав“, рече Заев.

Бројот на новозаразени како последица од коронавирусот расте, бројот на починати граѓани расте. Досега здравствените работници се справуваа со сите предизвици, но сега постои оптоварување на здравствените работници, рече Заев.

„Ова е најголемото оптоварување од почетокот на пандемијата“, рече Заев.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи