Од утре полициски час од 20:00 и 14 дена клуч на угостителски објекти? – Итна седница на Влада

 

 

Се очекува Владата денеска да донесе нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот откако претпладнeто ваква препорака произлегла од заседанието на Главниот координативен штаб, дознава „360 степени“.

Неофицијално, од утре, па во наредните 14 дена ќе бидат затворени угостителските објекти. Исто така, за 2часa порано се поместува и почетокот на полицискиот час, така што наместо во 22:00 часот, тој ќе почнува од 20:00 часот и ќе трае до 5:00 часот изутрина.

Во текот на денов се очекува Владата да одржи итна седница и да ги формализира одлуките.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи