Поскапуваат бензините – нови цени на горивата од полноќ

Facebook
Twitter
Email
Print

Регулаторната Комисија за Енергетика ги одреди новите цени на горивата кои ќе важат оваа недела. Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста.

Со новата пресметка малопродажните цени на Еуросупер-95 и Еуросупер-98 се зголемуваат за по еден денар. Од ноќеска литар 95-октански бензин ќе чини 67 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 69 денари.

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 55,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 44,50 ден/лит.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи