Санкционирани 282 возачи за 3 дена на подрачјето на СВР Битола

На 02, 03 и 04 април на подрачјето на СВР Битола биле извршени засилени контролни активности на патниот сообраќај. Притоа, биле откриени и санкционирани 218 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, 26 возачи кои не поседувале возачка дозвола, четири возила со истечена регистрација, 14 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека управувале возило, седум кои не користеле сигурносен појас, седум кои извршиле неправилно престигнување, а шест возачи управувале возило под дејство на алкохол и тие биле отстранети од сообраќај. За сите прекршоци биле издадени соодветни налози.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи