1.000 одбрани дабови за реновирање на Нотр Дам

 

Шумарите од цела Франција се организираа да даруваат 1.000 дабови за обновата на катедралата Нотр Дам во Париз, којашто беше значително оштетена во пожарот на 15 април 2019 година. Како што објави денеска „Дојче веле“, планирано е 500 дабови да се дадат од државните шуми, а 500 од приватни имоти.

„Тие ќе минат векови во катедралата. Одлично е. Ние им даваме втор живот на нашите дрвја. На некој начин тоа е и почит кон сите оние шумари кои се грижат за нив“, изјави Клер Кинон, претставник на шумското стопанство.

Во извештајот се вели дека „веројатно најубавиот даб во Франција расте во шумата Берса во долината на реката Лоара“. Од таа шума ќе бидат избрани осум даба, кои ќе бидат избрани со помош на беспилотни летала и 3-Д симулација.

Спооред шумарите, дабот е поприлично скап – кубен метар чини и до 1.000 евра. Од тоа дрво, во пиланата ќе се исечат греди со димензии 40 х 36 сантиметри, долги 17 метри. Дрвото ќе се користи за обновување на сводот во Нотр Дам.

Катедралата Нотр Дам, средновековна скапоцена готска архитектура во срцето на Париз, покрај реката Сена, на 15 април 2019 година ја зафати со огромен пожар. Тој беше изгасен по неколку часа, но направи доста голема материјална штета.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи