Дозволено изнесување на кучиња надвор за време на полициски час за граѓани кои живеат во згради

 

 

За време на забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија, сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (кучиња), може да ги изнесуваат надвор од своите домови во вечерните часови во времетраењe од еден час, почнувaјќи од 22:00 до 23:00 часот, најмногу до 100 метри од објектот каде живеат.

Како што информираат од МВР, овој период е во рамки на забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи