Општина Прилеп известува дека целосно се реализирал предвидениот буџет во однос на два јавни повика.
„Заради констатирана целосна реализација на предвидениот буџет по однос на двата јавни повика на Општина Прилеп за субвенционирање/надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Прилеп за набавка на грејни тела со инвертор и велосипеди за 2021 година, а согласно донесените правилници, од утре, среда 07.04.2021 година, повеќе нема да се примаат нови барања“, стои во соопштението од Општина Прилеп.
128