Млад пар уништи современо уметничко дело вредно 500.000 американски долари

 

Пар од Јужна Кореја ненамерно вандализирал слика од изложба откако претпоставиле дека се работи за партиципативно уметничко дело.

Младиот пар помислил дека платното, четките и бојата кои биле оставени под делото биле наменети за посетителите, па тие доцртале црна боја на сликата.

Графитот во Сеул, кој бил насликан во живо пред публика во 2016 година од американскиот уличен уметник „JonOne“, се проценува дека вреди околу 500 илјади долари.

Шефот на изложбата поставена во Светскиот центар Лоте, Канг Вук, за Ројтерс изјавил дека контактирале со авторот за враќање на сликата во првобитната состојба. Според него, против парот нема да поднесат пријава бидејќи ја оштетиле сликата ненамерно.

„Тие помислиле дека е дозволено да додаваат свој придонес за сликата, мислејќи дека станува збор за партиципативна уметност“, рекол Канг.

По инцидентот, организаторите на изложбата ставија жичена ограда околу сликата и го додадоа натписот „Не допирај“.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи