Компанијата Genesis, која на пазарот претставува луксузни автомобили и е во сопственост на Hyundai, на крајот од минатиот месец го сруши Гинисовиот рекорд за летање на најмногу беспилотни летала, односно дронови во исто време.
Вкупно 3.281 беспилотни летала синхронизирано летаа над Шангај креирајќи одредени форми, меѓу кои и логото на Genesis.
Рекордот претходно го држеше компанијата „Shenzhen Damoda Intelligent Control Technology“, која користеше 3.051 беспилотно летало на 20 септември.
Пред нив, пак, рекордот припаѓаше на „Интел“ со 1.218 беспилотни летала кои беа поставени во форма на олимписките прстени над Пјонгчанг по повод Зимските олимписки игри во 2018 година.