Нов проект за транспарентност, Крушево прва општина за парафискални давачки

 

 

Општина Крушево влегува во нов проект за подобрување на транспарентноста и тоа со фокус на парафискалните давачки.

Крушево е прва од 21 општина која потпиша Меморандум за соработка со „Фајненс тинк“ и ФИСКАСТ мрежата со што финансиската транспарентност дополнително ќе се подигнува.

„Општина Крушево е прва од 21 општина која ќе изработи регистар на #парафискални давачки и ќе ја подигне финансиската транспарентност. Денес, потпишавме Меморандум за соработка во рамки на проектот „Мрежа FISCAST – Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки“, поддржан од Delegation of the European Union, Skopje“, стои во објавата на „Фајненс тинк“.

Ова не е прв проект кој општина Крушево го имплементира од областа на финансиската транспарентност. Претходно се работеше на партиципативно буџетирање и општина Крушево покажа најголем напредок.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи